top of page

БЕРОВО - Швајцарија на Балканот

Истражи ја Малешевијата

Берово

 

Берово се наоѓа во источна Македонија на надморска височина од 800 м. Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот. Берово е град со најмногу сончеви денови во текот на годината во Република Македонија. Во Берово се наоѓа познатиот женски манастир Св.Архангел Михаил кој датира од 1818год. Исто така Ви препорачуваме да ги посетите Ловниот Дом - Јуовец, манастирот Пресвета Богородица и населбата Абланица.  

Беровско Езеро

 

Беровско Езеро се наоѓа на 6 км од Берово, Браната е изградена во 1970 г. со височина од 60 м. и една од најголемите брани во Р. Македонија. Бреговите на езерото се со бујна борова и листопадна шума. Околу езерото се наоѓаат голем број на викендици и вили, а тука се наоѓа и познатиот туристички центар Аурора. Доколку сте љубители на пешачење или планински велосипедизам, овозможени се неколкукилометарски патеки кои го поврзуваат градот до езерото и до туристичката населба Равна река - Пехчево.

Малешевија

 

Во подножјето на Малешевските планини е сместена нашата „мала Швајцарија“. Област која изобилува со природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста река, водопади, прекрасно езеро и најголема концентрација на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан. На неколку десетици км од Куќа Амика, Ви препорачуваме да ги посетите Бачило Клепало, Пехчевски водопади и туристички комплекс Бела Вода.

bottom of page