top of page

~ Куќа Амика - Берово ~

 

Идеално место за одмор и дружење со вашите пријатели

На самиот влез во градот Берово се наоѓа куќата АМИКА којашто како вистинска пријателка ќе ви овозможи мирен и релаксиран престој, а притоа со својата блискост до центарот на градот ќе ви овозможи да ѕирнете во ноќниот живот и наредното утро да ја почувствувате беровската кафе-шема.
Куќата АМИКА е пространа и овозможува престој за 12 лица. Располага со 4 трокреветни соби секоја со посебна бања, 2 комплетно опремени кујни со трпезарија и заедничка просторија за дневен престој со интернет, кабелска телевизија и музички систем.

Зелената површина во пространиот двор долж целата куќа само уште повеќе го прави релаксиран вашиот престој. Во комбинација со звуците на природата и чистиот воздух оваа средина ве прави исполнети, релаксирани и одморени.
Во зима кога се наоколу е бело, градот Берово нуди можност за прекрасни зимски прошетки и лизгање со санки за помладите, а во летото кога топлиот асфалт испарува во главниот град, во Берово можете да уживате во чистиот и свеж воздух. 
Доколку сакате да пробате здрави и органски мармaлади, сокови, слатка и компоти од шумски плодови, тогаш можете во внатрешноста на куќата да најдете Мени и контакт од проверен производител на овие производи и вистински да го почувствувате вкусот на природата. Овие производи се одобрени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

 

 

Ве очекуваме, 

Вашата пријателка АМИКА.
 

bottom of page